За проектот Иловица-Штука

ilovitza_map

Проектот Иловица-Штука се наоѓа во Македонија, земја во југоисточна Европа која го поддржува рударството, и е големо порфирско наоѓалиште за бакар и злато со едноставна металургија. Проектот, кој е во целосна сопственост на Еуромакс, има одобрена Студија за оцена на влијанието врз животната средина (СОВЖС), како и 30-годишен договор за концесија за експлоатација. Локацијата на проектот Иловица-Штука e на 20 километри од Струмица и е со сета одлична локална инфрструктура и логистика што се очекува од една европска локација, во што спаѓа и: електрична мрежа, распространета мрежа на асфалтирани патишта и железничка поврзаност со Солун или топилниците во Бугарија, како и квалфикувана и веднаш достапна локална работна сила.

По завршувањето на обемната програма посветена на згустување на мрежата на дупчотини и ажурирањето на ресурсите, објавени се првичните резерви руда и Прелиминарната студија за изводливост, додека во јануари 2016 е објавена конечната Студија за изводливост која ја покажува економската стабилност на Проектот, претходно наведена во Прелиминарната студија за изводливост и, преку оптимизацијата на текот на процесот на подготовка на минерални суровини и попрецизното одредување на трошоците, покажува значајно намалување на капиталните и оперативните трошоци и последователно зголемување на внатрешната стапка на поврат.
Експлоатацијата е планирана да се врши преку конвенционални методи на површинска експлоатација користејќи рударска механизација од голем размер која овозможува масовна експлоатација со стапка од 10 милиони тони годишно.

Рудата ќе биде дробена пред да биде транспортирана до мелницата со транспортер со лента каде рудата ќе се меле, а потоа ќе се преработува со користење на конвенционална флотација за производство на концентрат на бакар-злато при што јаловината ќе биде повторно третирана за да се добие дополнително получисто злато во прачки на проектната локација.

Врз основа на почетниот капитал потрошен за производство на 10 милиони тони годишно, проектот се проценува на 474.3  милиони американски долари за производство на околу 83.000 унци злато годишно и 16.000 тони бакар годишно во текот на 20 години животен век на рудникот.

Во април 2016 година, Еуромакс ја достави Оцената на влијанието врз животната средина („ОВЖС“) до Министерството за животна средина и просторно планирање. ОВЖС претставува оцена на можните влијанија на проектот „Иловица-Штука“ врз животната средина и социјалните аспекти и се заснова на Студијата за изводливост на проектот и деталните истражувања на постојните услови во животната средина и социјалните аспекти. Истата е во согласност со важечките регулативи во Република Македонија и претставува дел од потребните барања на македонските органи за издавање дозвола за експлоатација за проектот „Иловица-Штука“.

РЕЗИМЕ ЗА ПРОЕКТОТ ИЛОВИЦА-ШТУКА
Локација » Македонија, земја и заедница која го поддржува рударството
» Одлична логистика – пат, железница, напојување од електрична мрежа, вода, квалификувана работна сила
» Нема други примери за модерен развој
Тип на наоѓалиште  » Порфирско наоѓалиште на бакар и злато
Ресурси и резерви » Измерени и изведени ресурси од 256.8 милиони тони @ 0,32g/t Au и 0,21% Cu кои содржат 2,6 милиони унци Au и 1,2 милијарди фунти Cu
» Повеќе информации – Соопштение за јавност објавено на 06.01.2016
Фаза на развој » Завршена е дефиницијата на ресурсите и геотехничкото дупчење
» Завршена ПФС
» Минералните ресурси се прекатегоризирани во И&О
» Објавени се првичните резерви руда
» Започнати се основните студии за животна средина и социјални аспекти
» Завршена Студија за изводливост
Дозволи » Доделена е концесија за експлоатација » Одобрена СОВЖС » Одлична соработка со министерствата и претставниците на локалните општини
Рударство » Површински коп со масовна експлоатација
Преработка » Едноставна флотација во единична линија до чист концетрат на злато и бакар проследена со повторно третирање на флотациската јаловина за да се добие дополнително получисто злато во прачки

Технички извештај

ОВЖС

» Технички извештај од Студијата за изводливост на проектот Иловица-Штука
»
Технички извештај од Прелиминарната студија за изводливост на проектот Иловица-Штука
» Оцена на влијанието врз животната средина
» Нетехничко резиме на ОВЖС

Предложен распоред на проектната локација 

Layout drawings

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости