Euromax Resources ја финализира приватната продажба на акции

  Euromax Resources Ltd. – 12 јануари 2015 година(TSX-V: EOX, OTCPK: EOXFF): („Еуромакс“ или „Компанијата“), со задоволство објавува дека ја финализира приватната продажба на акции без посредство на брокер претходно објавена на 9 декември 2014 година („Приватна продажба на акции“), според која на Европската банка за обнова и развој („ЕБОР“) ѝ издаде вкупно 23.368.547 обични акции на Компанијата по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна добивка од 5,842 милиони канадски долари. На ЕБОР исто така ѝ се издадени 5.915.000 хартии од вредност со повластување со одредена цена од 0,40 канадски долари по акција со рок на доспевање од пет години.

Освен тоа, Компанијата им издаде на одредени други инвеститори вкупно 8.126.850 обични акции на Компанијата по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна добивка од 2,032 милиони канадски долари. На инвеститорите, кои сите се постоечки акционери во Еуромакс, исто така им се издадени вкупно 2.031.713 хартии од вредност со повластување со одредена цена од 0,40 канадски долари по акција со рок на доспевање од пет години.

Како резултат на Приватната продажба на акциите, ЕБОР има 19,99% од издадениот и нераспределен акционерски капитал на Компанијата без намалување на процентот на сопственост на тековните акционери. ЕБОР се обврза да не ги употреби хартиите од вредност со повластување доколку таквата употреба би резултирала со тоа тие да имаат повеќе од 20% минус една акција од издадениот и нераспределен акционерски капитал на Компанијата без намалување на процентот на сопственост на тековните акционери.

Хартиите од вредност издадени според Приватната продажба на акции ќе подлежат на период на задршка од четири месеци и еден ден од денешниот датум во согласност со важечките канадски закони за хартии од вредност и правилата на берзата за хартии од вредност со ризичен капитал во Торонто, TSX Venture Exchange.

По Приватната продажба на акции, Компанијата има издадено вкупно 116.842.737 обични акции, бројка што акционерите може да ја користат за да го пресметаат нивниот удел што го имаат во Компанијата. Компанијата исто така има нераспределени 20.141.835 хартии од вредност со повластување.

ЕБОР ги доби хартиите од вредност од Приватната продажба на акции за инвестициски цели. Во зависност од пазарните услови и другите фактори, ЕБОР може одвреме навреме да добива и/или да се ослободува од хартии од вредност на Компанијата или да продолжи да ја држи својата сегашна позиција. Копија од извештајот за рано предупредување кој треба да се поднесе кај соодветните комисии за хартии од вредност во врска со Приватната продажба на акции ќе биде достапна на SEDAR на www.sedar.com и може да се добие преку контактирање со Улмас Масалиев на +44 207 338 7224. Одредени делови од оваа соопштение за печатот се издаваат во согласност со Националниот инструмент 62-103 – Систем за рано предупредување и поврзани прашања во врска со понуди за преземање и внатрешно известување
.  

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости