Одговорност

КРАТОК ПРЕГЛЕД
Здравје/безбедност
ЖИВОТНА СРЕДИНА
СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ
Човекови права
Економија
ЧР & РАБОТНА СИЛА
  • Еуромакс Ресоурцес е посветена на инкорпорирање на одржлив развој во поглед на секој аспект од нашиот бизнис, од моментот штом ќе идентификуваме потенцијална проектна локација за истражување па сѐ до евентуалното затворање на рудникот.

    Работење на одговорен начин во однос на општеството и животната средина и здобивање со, и заслужување на довербата на нашите чинители се основи на нашата стратегија за вклучување на одржлива практика во секој аспект од нашите активности.

    Нашиот пристап кон одговорно рударство се имплементира преку технички цврсти операции, операции кои ја чуваат животната средина и општествено проактивни иницијативи. Рударството е сложена индустрија, а предизвиците за одржливост кои треба да се менаџираат во голема мера зависат од политичкиот и општествениот контекст на секој проект. Друго ниво на сложеност кое мора да се зема во предвид е поврзано со одделните фази на животниот циклус на рудникот.

    Пристапот на Еуромакс кон одржливост низ секоја фаза од животниот циклус на рудникот е опишан подолу:

    1) За време на истражувањето:
    • Ќе ги идентификуваме и спречиме, минимизираме и намалиме можните влијанија врз општеството и животната средина
    • Ќе воспоставиме корисни локални врски со локалното население и владите
    • Ќе се осигураме сите вработени и подизведувачи да бидат запознаени за потенцијалното влијание врз општеството и животната средина
    • Ќе воспоставиме механизми за жалби за сите важни групи на чинители кои би можеле да бидат засегнати за време на постојањето на рудникот
    • Ќе идентификуваме проекти кои ќе го максимираат производствениот живот на рударските објекти

    2) За време на фазата на физибилити студијата и инженерски план:
    • Ќе спроведеме детални и независни основни студии за животната средина и сцијалните аспекти како дел од нашите процеси за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и социјалните аспекти
    • Ќе се осигуриме прашањата за социјалните аспекти и животната средина да бидат интегрирани во планирањето на  проектот, исто така, согласно на тоа  ќе се планираат и мерки за намалување на влијанијата
    • Ќе доставиме ОВЖС документација која ќе се осврне на локалните барања, како и на оние на Екватор принципите III (ЕП III)
    • Ќе имплементираме систематски програми за консултации со јавноста каде што ќе ги објасниме потенцијалните влијанија врз локалните заедници и за да ги разбереме нивните грижи, во однос на локалните барања и чувствителни прашања
    • Ќе рашириме и управуваме со механизми за жалби и ќе обезбедиме тие да бидат во целост разбрани
    • Ќе држиме дискусии со владите-домаќини на теми како што се инфраструктура, развој и безбедност
    • Ќе обезбедиме ефикасно имплементирање на преку-гранични проценки и соработка кога тоа ќе биде потребно
    • Ќе планираме за затворање на рудникот и редовно ќе го прегледуваме овој план
    • Ќе развиеме план за управување со отпад кој ќе ги минимизира, олесни и менаџира влијанијата врз животната средина и околните заедници

    3) Пред и за време на изградбата:
    • Ќе обезбедиме на страна доволно финансиски средства за да ги исполниме обврските околу затворањето
    • Ќе работиме со локалните заедници за да обезбедиме обука за потребните вештини
    • Ќе отпочнеме процес на вработување давајќи приоритет на директно засегнатите заедници и ќе се осигуриме дека и нашите подизведувачите се придржуваат кон ова
    • Ќе го охрабриме развојот на локалните бизниси за обезбедување на стоки и услуги за рудникот
    • Ќе развиеме стратегија за набавки чиј приоритет ќе бидат локални снабдувачи и ќе обезбедиме и подизведувачите да се придржуваат кон ова
    • Ќе имплементираме План за управување со животната средина и социјалните аспекти, кој ќе биде изготвен за да се дадат до знаење идентификуваните влијанија врз животната средина и социјалните аспекти за време на постоењето на рудникот – на пример, квалитетот на воздухот, управувањето со водата и биодиверзитетот
    • Ќе ја зголемиме комуникацијата со локалните заедници преку нашите информативни центри
    • Ќе обезбедиме финансиски средства за внимателно одбрани проекти за развој на заедницата и ќе го надгледуваме нивниот исход
    • Ќе го оптимизираме планирањето и развојот на сите аспекти на нашите проекти што ќе биде од корист за поголем број на чинители
    • Онаму каде ќе биде соодветно, ќе нудиме програми за преквалификација за премин од градежна во оперативна фаза

    4) За време на работењето:
    • Ќе имплементираме развоен план за пошироката заедница договорен со локалните заедници
    • Ќе обезбедиме почитување на правата на работното место, развојот на вработените и здрава и безбедна работна средина
    • Ќе дадеме приоритет за обука и вработување на поблиските заедници, а после нив и на државјаните на земјата-домаќин на национално ниво
    • Ќе продолжиме со мониторинг на нашите активности  во поглед на животната средина и социјалните аспекти
    • Прогресивно ќе ги рекултивираме ископаните области кои веќе нема да бидат потребни за работата
    • Ќе продолжиме со истражувањето за да го продолжиме животниот век на рудникот онаму каде што тоа е возможно
    • Постојано ќе го го прегледуваме планот за затворање за време на траење на работењето

    5) За време на и при затворањето:
    • Ќе имплементираме заздравување и обнова на земјата, со употреба на соодветни видови растенија утврдени во основните студии, студијата (СОВЖС) за оцена на  влијанието врз животната средина и обиди за обнова за време на работењето
    • Ќе обезбедиме затворањето на рударските објекти  да овозможи долгорочна хемиска и физичка стабилност
    • Ќе обезбедиме економска и социјална инфраструктура за одржување на долгорочна стабилност на заедниците
    • Ќе ставиме во пракса остварливи економски стратегии (како, на пример, дополнителна обука за локалното население кое претходно работело во рудникот) со цел да обезбедиме алтернативно вработување и да обезбедиме финансиска поддршка за почеток на алтернативни начини за егзистенција
    • Онаму каде што е можно, ќе ја префрлиме инфраструктурата во локална сопственост

  • За нас, здравјето и безбедноста на вработените, подизведувачите и локалните заедници се приоритет. Еуромакс ќе обезбеди да нашите вработени се обучени и мотивирани да се придржуваат до највисоките нивоа на здравје и безбедност, истовремено минимизирајќи било каков ризик по здравјето и безбедноста на вработените, подизведувачите и заедниците со градење на култура за преземање одговорност за делата.

    Веруваме во работење според политика на нулта повреди низ секоја од нашите оперативни единици. Нулта повреда опфаќа отстранување на физички повреди од работното место, притоа постојано и проактивно стапувајќи во најбезбедните можни начини на однесување и практики. Со овие напори, ќе се осигуриме дека вработените и подизведувачите се повеќе свесни за безбедносните ризици, нивната улога во безбедноста и моќта која ја имаат како индивидуи да ја интегрираат безбедноста во сето она што го правиме. Нашите проекти промовираат користење на најдобри практики во индустријата во текот на планирањето и развојот на нашите проекти, а исто така имплементираат и Најдобри достапни техники (НДТ) за методите за изградба и експолоатација како што се доближуваме до производството.

    Ќе вршиме надзор, или ќе бараме да се врши надзор врз сите проектни локации за да бидеме сигурни дека ги исполнуваат барањата за здравје на работното место, меѓу кои и соодветни регулативи за загадување со гасови, ниво на бучава, прашина, топлински стрес и ергономија.

    Пристапот на Еуромакс кон одговорно рударство се фокусира на шест клучни области:

    PowerPoint Presentation

  • Ја делиме природната околина со локалните заедници и екосистеми и ја прифаќаме одговорноста спрема животната средина и општеството што произлегува од ова. Исполнувањето на предизвикот на управувањето со животната средина значи и оперативна ефикасност и користење на најдобрите практики во индустријата низ секоја фаза од животниот циклус на рудникот.

    Целта ни е да ги  имплементираме  највисоките стандарди за перформанси на животната средина и нејзино управување, и да го минимизираме нашето влијание врз животната средина преку ефикасна употреба на природни ресурси, намалување, повторно користење и рециклирање на отпад и со придонес кон зачувувањето на биолошката разновидност.

    Клучните аспекти од нашата програма за животната средина ќе вклучат:

    • • Придржување кон законите на земјата-домаќин и ЕУ регулативите онаму каде што тоа е применливо
    • • Примена на меѓународни водичи и практики за менаџирање, како што се IFC стандардите за перформанси и Екватор принципите
    • • Соработка со засегнатите чинители во поглед на имплементирање на стандарди и контролни системи во сите фази од животниот циклус на рудникот
    • • Научно строги основни студии за животната средина и социјалните аспекти, оцена на влијанието и ризикот и други такви слични стратегии за намалување на влијанието
    • • Назначување на соодветно квалификувани работници и ангажирање на  национално и меѓународно признати консултатни за животна средина, социјални аспекти и ризици за да се обезбеди придржување до најдобрите практики
    • • Заедничко планирање на мерки за намалување со проектните инженери и интегрирање на мерки за намалување на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти во планот за проектот
    • • Имплементација и редовен мониторинг и прилагодување на процедурите и системите за управување со животната средина (циклусот Планирај – Направи – Провери – Делувај)
    • • Развој на планови за подготвеност и реагирање во итни случаи во самиот рудник и во блиските заедници

    Студии за животната средина за Иловица-Штука

    Бидејќи обработката на мали земјоделски површини е главна индустрија во регионот на Иловица, на заштитата на површинските и подземните води гледаме како на најголем приоритет. Еуромакс ќе го развие својот проект со користење на модерни техники кои ќе го намалат потенцијалното влијание врз животната средина, а истовремено ќе обезбеди работење во согласност со  македонските и  ЕУ регулативите.

    Системите за мониторинг на животната средина што ќе ги поставиме ќе ни овозможат да го менаџираме нашето влијание и постојано да оперираме во рамките на сите регулаторни водичи.

    Изршиме серија основни студии за животната средина кои ни овозможија да ја разбереме целосно средината во која работиме, вклучувајќи серија геотехнички и хидрогеолошки дупчења.

  • Еуромакс има за цел да го максимира локалниот развој преку зајакнување на заедниците, и да делува според највисоките етички стандарди при менаџирање на благосостојбата и просперитетот на заедниците-домаќини. Главната цел на нашата програма за социо-економски развој ќе биде подобрување на можностите, придобивките и квалитетот на живот на нашите локални работници, нивните семејства и околните заедници. За да ги постигне овие цели, Еуромакс ќе се вклучи во низа активности за одржлив развој и односи со заедниците.

    Клучни аспекти на нашата програма за социо-економски развој ќе бидат:

    • Поддршка на локалните заедници и постојана ангажираност за допринос на одржливиот развој

    • Снабдување со локални стоки и услуги онаму каде што тоа е возможно

    • Развивање на стратегии за вработување кои ќе ги подобрат и зголемат социо-економските можности

    • Проценка и менаџирање на социо-економските влијанија на нашите активности и работење

    • Во консултации и соработка со релевантните снабдувачи, ќе го поддржиме подобрувањето на инфраструктурата и основните услуги во нашите заедници, како патишта, домување, вода, струја и други услуги

    • Подобрување на образовната инфраструктура и услуги

    • Земање предвид на потребите на ранливите категории на граѓани во нашите заедници, како што се старите лица

    • Користење на локални вештини за подобрување на нашите програми за развој на заедниците


    Развој на заедницата и вклученост на чинителите

    Во Еуромакс, гледаме на развојот на заедницата преку активно ангажирање со заедниците-домаќини како на основен момент за успехот на нашиот бизнис.

    Посветени сме на тоа да направиме позитивна промена во заедниците во кои оперираме и да ги инвестираме нашите ресурси, како финансиски, така и нефинансиски, како на пример, нашите совети и експертиза со цел да се даде позитивен придонес кон економскиот и социјалниот развој на заедниците-домаќини.

    Ќе ги слушнеме потребите на засегнатите чинители и заедници и ќе реагираме со цел навремено и ефикасно да ги намалиме сите можни негативни влијанија и да изградиме репутација врз основа  на взаемна доверба, транспарентност и етички бизнис практики.

    Дел од нашиот пристап е соработка со локалните заедници, невладини организации, влади, општински претставници и други локални групи на чинители, олеснет со отворањето на информативниот центар – Иловица кој го водат локални претставници на Еуромакс.

    Центарот  е лоциран во средиштето на селото Иловица, и е отворен со посебна цел, да можат членовите на локалната заедница да се запознаат со нашите проекти, да постават прашања за природата на нашите операции и да изразат каква било загриженост.

  • Еуромакс ја поттикнува свеста за прашањата поврзани со човековите права меѓу своите вработени и планира активно да ги брани човековите права помеѓу своите изведувачи и подизведувачи како што нашите операции ќе се развиваат.

    Во сржта на нашата бизнис стратегија е посветеност кон етички бизнис практики и транспарентност преку дијалог со релевантните чинители и граѓанското општество. Иако обврската за заштита на човековите права лежи кај владите, фирмите имаат обврска да ги почитуваат човековите права, како што е наведено во Водечките принципи на ОН за Бизнис и човекови права, преку делување со должно внимание за да се избегне повреда на луѓето и со реагирање на негативните влијанија во кои тие се вклучени.

    Планираме да ги следиме Доброволните принципи за безбедност и човекови права, иницијатива на повеќе чинители која ќе ја води нашата стратегија во спроведување на детална проценка за ризикот врз човековите права за да се осигуриме дека човековите права се почитуваат во земјите-домаќини. Еуромакс ќе работи со влади, снабдувачи и други деловни партнери, како и со заедниците кои се засегнати од нашето работење за да се осигуриме дека прашањата за човековите права се потполно разберени и соодветно менаџирани.

    Етнички тензии во западен БалканНашите проекти се наоѓаат во регионот на западен Балкан, област во југоисточна Европа која се состои од Албанија, Бугарија и поранешните југословенски држави (Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово).

    После падот на Отоманското царство, имало значајни конфликти на балканскиот регион кои кулминираа со распадот на Југославија. Во 1991 г. Македонија прогласи независност, а Србија во 2006 г. после одвојувањето од Црна Гора. Македонија и Србија се земји-кандидати за влез во Европската унија (ЕУ), додека Бугарија е дел од ЕУ од 1 јануари, 2007 г. И покрај аспирациите за влез во ЕУ, Македонија, Србија и соседно Косово се мачеа со конфликти и злоупотреба на човековите права во последниве години, и таквата историја создаде значајни предизвици во поглед на промовирање на човековата безбедност и одржување на сеопфатен пристап базиран на човекови права.

    Регионот на западен Балкан сѐ уште се соочува со голем број систематски безбедносни проблеми, особено во области со лица без државјанство, раселени лица и етничка и религиска дискриминација. Моменталните етнички тензии се нагласени преку несигурниот статус на ромското малцинство во Србија и Бугарија, како и етничките тензии кои постојат помеѓу Поранешната Југословенска Република Македонија и Грција, како и со соседна Албанија. Оваа реалноста бара вклучување на план за човековите права во проектите на Еуромакс, бидејќи се стремиме за внесување на култура на еднаква можност, почит и толеранција помеѓу заедниците-домаќини и нашите луѓе.

    Иако сѐ уште остануваат проблеми во оваа област, регионот направи значителен напредок во последните години. ЕУ ги призна Хрватска, Црна Гора, Република Македонија и Србија како земји-кандидати, а Албанија и Косово како потенцијални кандидати. Како што владите и населението на овие земји работат кон ЕУ интеграција, следеа и подобри стандарди во областа на човековите права и безбедност. Сепак, мора да се направат уште реформи за да се усогласат националните регулативи со оние на ЕУ, како и за да се обезбеди човекова безбедност.

    На национално и локално ниво, Еуромакс ќе оди кон тоа да осигури усогласеност на нејзините  планови со оние на државните агенции и релевантни организации за да работиме на унапредување на безбедноста на граѓаните и општеството со почитување и наложување на универзално почитување на човековите права.

  • Економските придобивки создадени од нашите проекти не само што ќе имаат директен позитивен економски ефект, туку и ќе создадат и помогнат во акумулирањето на ресурси за понатамошно развивање на други индустрии заради повеќекратниот ефект на рударството. Ќе работиме со влади и локални општини за да се осигуриме дека средствата ќе се реинвестираат во локалната заедница колку што е можно повеќе, на тој начин зголемувајќи ги придобивките од даноците и концесиските надоместоци кои се плаќаат на локално ниво.

    Каде што е потребно, ќе ги поддржуваме локалните заедници за развивање на планови за одржливо користење на овие средства во развој на инфраструктура и услуги, меѓу кои и главните приоритети на заедницата.

    Стапките на невработеност во околината на Иловица е доста над македонскиот просек. Како што нашите проекти се доближуваат до фазите на изградба и работење, ќе создадеме многу работни места преку директни и индиректни можности и ќе придонесеме кон одржлива долгорочна економска стабилност во регионите. Поголемиот дел од овие можности за вработување ќе им бидат пружени на луѓе од локалните заедници во околината на местото каде што работиме.

    Исто така, ќе се снабдуваме со стоки и услуги од локални фирми кои имаат капацитет да ги поддржуваат нашите операции и ќе работиме на тоа да обезбедиме можност да фирмите продолжат со таков капацитет со тоа што ќе можат да ги поддржуват нашите активности како што ќе се зголемуваат. И од изведувачите и подизведувачите исто така ќе бараме колку што е можно да најмуваат персонал, стоки и услуги на локално ниво.

    Директните економски допринеси на Еуромакс ќе вклучуваат:

    • Плати и бенефиции за вработените

    • Даноци и концесиски надоместоци исплатени на владите и распределени на општините

    • Купување на стоки и услуги од локални и регионални снабдувачи • Користење на локални консултанти и подизведувачи

    • Иницијативи за заедниците и развој на не-рударска инфраструктура  

    Животот во Иловица
    ilovitsadrillroads2_496x295

  • Работна сила со соодветни вештини, обука и искуство е една од најосновните и најважните потреби на рударската индустрија. Еуромакс има за цел да привлече и да задржи талентирани и иновативни луѓе на секое ниво од нашата организација, како и да им ги овозможи потребните ресурси и обуки за успех.

    Нашата политика е да ангажираме локални луѓе секогаш кога тоа е можно, а ќе бараме и од нашите изведувачи и подизведувачи да го прават истото. Со давање приоритет при ангажирањето на оние заедници кои што се во близина или кои се засегнати од нашето работење, Еуромакс ќе изгради позитивни и долготрајни односи со заедниците-домаќини и ќе овозможи ефикасна работна сила и ќе охрабри успешно планирање.

    Промовирање на различноста на работната сила е значајна компонента во нашите принципи за работна сила и човечки ресурси, како и централен аспект на оперативните практики и стратегии за работна сила во сите фази од развојот на нашиот проект. Наша политика е да дозволиме еднаков пристап до можностите за вработување, па ќе поставиме значителни структури за поддршка засновани на индивидуалните потреби на оние кои можеби порано не биле во можност на секој вработен да му овозможат да го достигне својот потенцијал.

    Нашата посветеност кон промовирање на различноста во работната сила вклучува проширување на можностите за жените на сите нивоа во нашата организација, како и овозможување на соодветни можности за хендикепирани работници. Еуромакс нема да толерира никаква форма на неправедна дискриминација, нечовечки третман, детски труд или вознемирување на работното место.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости