Тим Морган-Вејн е дел од Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес од јуни 2012 година, и во септември 2018 година беше назначен за Неизвршен Претседавач на Бордот на директори, додека од август 2020 година е назначен за Извршен Претседавач на Бордот на директори.
До март 2012 година, г-дин Морган-Вејн бил Главен Финансиски Директор на European Goldfields, а пред тоа бил Директор на Групацијата за ресурси и енергија во HSBC Bank plc. Во период од 1997 до 2006 година, г-дин Морган-Вејн бил дел од тимот на HSBC за корпоративно финансирање на рударскиот сектор, каде што се има стекнато со огромно искуство во корпоративното финансирање и пазарите на капитал додека бил ангажиран во трансакции кои вклучуваат компании од Обединетото Кралство, Европа, Северна Америка и Јужна Африка.
Пред HSBC, тој работел во индустријата како финансиски менаџер на Групацијата Ashanti Goldfields и Cluff Resources plc.
Николас Треанд е дел од Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес од април 2019 година, назначен за Извршен Директор задолжен за односите во Македонија, дополнително на тоа од август 2020 година е назначен за Претседател на Еуромакс Ресоурцес.
Г-дин Треанд е лоциран во Женева, и делува самостојно од август 2019 година во полето на менаџирање трансакции за спојување и преземање, фамилијарни бизниси и управување со капитал. Пред тоа, од август 2014 до август 2018 година, бил Главен Извршен Директор на Trafigura Mining Group (подружница на Trafigura Pte Ltd), одговорен за сите бизниси во групацијата поврзани со рударство и топилници.
Во периодот од август 2007 до јули 2014 година, г-дин Треанд бил Извршен Директор на Aurubis AD (Aurubis Bulgaria дел од Aurubis AG Групацијата).
Г-дин Треанд има дипломирано на Универзитетот за применливи науки во Лозана, Швајцарија, и има специјализирано за општ менаџмент, стратегиски маркетинг и финансии на IMD, Лозана.
Патрик Форвард е назначен за Главен Оперативен Директор во ноември 2012 година.
Г-дин Форвард претходно бил Заменик Претседател за Проекти и Истражување во European Goldfields каде што беше одговорен за развојот на проектите Скуриес и Олимпијас во Грција и проектот Сертеж во Романија низ фазите на физибилити, основно инженерство и финансирање. Дополнително на тоа, г-дин Форвард беше одговорен за истражувачките проекти на European Goldfields во Романија, Грција и Турција и растот и усогласувањето на ресурсите и базата на резерви на таа компанија.
Во раните ’90-ти водеше истражувачки проекти во Европа, Гана и Венецуела пред да помине околу пет години во Буркина Фасо водејќи истражувачки програми, вклучувајќи го и откритието на наоѓалиштето Мана на Semafo Inc со 2,8 милиони унци.
Г-дин Форвард исто така има специјализирано за геолошки длабински анализи, проценка на ресурси, примена на GIS-системи во истражувањето на проекти, проценување на наоѓалишта и е квалификувана личност според Стандардите на националниот инструмент 43-101 за известување.
Никола Гулев беше назначен за Главен Финансиски Директор во ноември 2017 година.
Г-дин Гулев е дел од Еуромакс од јули 2015 година, назначен за Групен сметководител.
Пред Еуромакс, г-дин Гулев работел две години за KPMG во одделот за давање на сметководствени услуги на клиенти, во канцеларијата во Скопје. Претходно г-дин Гулев бил дел од интерна ревизија во рамките на Стопанска Банка АД Скопје и од ревизорската пракса на PricewaterhouseCoopers во канцеларијата во Скопје.
Г-дин Гулев магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во областа ревизија и сметководство и од 2014 година е член на Association of Chartered Certified Accountants (ACCA) во Обединетото Кралство.
Мартин Кониг е дел од Бордот на директори на Еуромакс од август 2012 година.
Г-дин Кониг има триесетгодишно искуство во инвестициско банкарство и меѓународните финансиски пазари. До февруари 2012 година тој бил Извршен Претседавач на Бордот на директори и Претседател на European Goldfields Limited. Тој е Неизвршен Директор на New Gold Inc. која котира на берзата во Торонто, а бил и Главен Извршен Директор на Blackfish Capital Group во период од 2005 година до август 2009 година. Тој има огромно искуство во секторот за природни ресурси, вклучувајќи и сениор менаџерски одговорности за финансирање на проекти за ресурси и трговски операции на меѓународните пазари преку различни меѓународни инвестициски банки.
Г-дин Кониг бил Главен Директор на Бордот на директори на NM Rothschild & Sons Ltd. во период од 15 години и бил на сениор позиции во Goldman Sachs и UBS. Тој е адвокат и придружен член на Институтот на лиценцирани банкари.
Д-р. Иван Вутов е назначен за Неизвршен Директор во јуни 2019 година.
Г-дин Вутов е дел од Бордот на директори на позиција Директор номиниран од страна на Galena Resource Equities Limited. Моментално е и Претседавач на Бордот на директори на Geotrading AD и е Заменик Претседател на Geotechmin OOD. Г-дин Вутов е исто така член на Надзорниот Одбор на Ellatzite-Med AD.
Г-дин Вутов има докторирано во полето на социјален менаџмент на Универзитетот на Национална и Светска Економија, Софија, Бугарија
Џејмс Бурк е назначен за Неизвршен Директор во јуни 2018 година.
Г-дин Бурк е дел од Trafigura Групацијата од март 2009 година и има 19 годишно искуство во рударската индустрија со 17 годишно искуство во менаџирање и трансакции за спојување и преземање/инвестирање во рударството и е сениор инвестициски професионалец во рамките на Galena Private Equity Resources Fund. Пред да биде дел од Trafigura Групацијата, г-дин Бурк работел во одделот на Standard Bank за финансирање на рударство и метали, и во Лондон и Сиднеј, и исто така бил аналитичар за минерални ресурси на AME Mineral Economics во Сиднеј. Г-дин Бурк е член на Бордот на Cadillac Ventures. Г-дин Бурк има магистрирано на оценка на минерални проекти и има дипломирано геологија на School of Mines, Imperial College, Лондон.
Станислав Делчев е назначен за Неизвршен Директор во септември 2020 година.
Г-дин Делчев е дел од Бордот на директори на позиција Директор номиниран од страна на Galena Resource Equities Limited. Моментално е и Заменик Финансиски Директор Geotechmin OOD и Директор на Geotechmin Services EOOD. Пред да биде дел од Geotechmin Групацијата, г-дин Делчев има стекнато повеќе од 15 годишно искуство работејќи во ревизорската пракса, од кои 2 години има поминато во канцеларијата на КПМГ на Каналските Острови и 6 години во канцеларијата на КПМГ во Бугарија.
Г-дин Делчев магистрирал на Универзитетот на Национална и Светска Економија во областа на сметководството и систем на контроли, и е долгорочен член на Association of Chartered Certified Accountants (ACCA) во Обединетото Кралство.
Алан Бакер е назначен за Заменик Претседател, Раководител на проект и Изградба од август 2015 година.
Алан има повеќе од 35 годишно докажано искуство во рударскиот сектор и во успешно управување со проекти и нивна изградба. Тој ќе ја преземе одговорноста за создавање и водење на теренскиот тим на Еуромакс кој ќе биде подготвен за изградба на проектот „Иловица“. Претходно работел како раководител на проект на наоѓалиштето за злато „Санта Роса“ во Колумбија за „Ред Игл Мајнинг“ (Red Eagle Mining) каде што бил одговорен за студијата за изводливост на проектот и за завршните дозволи и текот на финансирањето на проектот.
Алан претходно бил одговорен за:
– Управување со проектот „Сертеж“ (Certej) во Романија за „Јуропиaн Голдфилдс“ (European Goldfields Ltd), подоцна корпорација „Елдорадо Голд“ (Eldorado Gold Corp), каде што помогнал за напредок на проектот низ фазите на изводливост, основно инженерство и финансирање;
– Изградба на постројката за лужење, вклучувајќи ја и постројката за подготовка на минерални суровини, рудникот и придружната инфраструктура на рудникот „Коплер“ (Copler) во Источна Турција за „Анатолиа Минералс“ (Anatolia Minerals);
– Управување со проектирањето и изградбата на рудникот за злато и бакар со површински коп „Варваринскоје“ (Varvarinskoye), постројката за подготовка на минерални суровини и придружната инфраструктура во Казахстан за „Јуропиан Минералс“ (European Minerals);
– Надзор при обновувањето на кругот за лужење на постројката „Бондаје“ (Bondaye) во рудникот „Богосо“ (Bogoso) во Гана, за „Голден Стар Рисорсис“ (Golden Star Resources);
– Координација на проект и изградба со годишен буџет до 100 милиони американски долари, за „Ашанти Голдфилдс“ (Ashanti Goldfields);
– На почетокот на својата кариера Алан работел во Обединетото Кралство, Јужна Африка и Замбија на различни рударски проекти.