Проекти за поддршка на заедницата

Наша цел е да го максимизираме локалниот развој преку зајакнување на заедниците и да дејствуваме со највисоки етички стандарди при управување со благосостојбата и просперитетот на заедниците.

Главната цел на нашата програма за социо-економски развој е да ги подобриме можностите, придобивките и квалитетот на животот на нашите локални вработени, нивните семејства и околното население.

Еуромакс веќе придонесува кон социо-економскиот развој на заедниците преку директни инвестиции во заедниците кои ќе се интензивираат во иднина со самиот развој на проектот.

Во продолжение е даден дел од нашите проекти.

Изградба на чешми во Иловица и Штука

2Еуромакс ја финансираше изградбата на две нови чешми во селата Иловица и Штука и истите се користат за обезбедување на вода за пиење. Oвој проект носи долгорочни и одржливи придобивки за локалната заедница, бидејќи обезбедува вода за пиење за голем дел од населението од Иловица и Штука. Изградбата на овие чешми, го подобри социјалниот живот на локалното население, бидејќи е и место за дружење и разговор. За изградбата, Еуромакс Ресоурцес назначи локален градежен изведувач.

Фонтана во спомен на баба Ванѓа

3Фонтаната Баба Ванѓа беше еден од нашите клучни проекти во 2013 година, бидејќи фонтаната е долгорочна, одржлива придобивка за регионот кој го задржува културното наследство за многу генерации. Исто така, го поддрживме локалниот бизнис преку назначување на локална градежна компанија за изградбата. Ние гледаме важност во поддршката на културното наследство на локалниот регион во корист на пошироката заедница на долг рок. Денес, фонтаната е место за дружење, спомен и збирно место за аџилак и се надеваме дека оваа фонтана ќе продолжи да привлекува посетители во иднина.

Презентации во училиштата и спонзорство за спортска опрема

8Поддршката на локалните училишни и образовни иницијативи е висок приоритет за компанијата – гледаме огромна вредност во градењето на општествениот капитал преку поттикнување на знаењето и разбирањето на клучните теми од рана возраст и со нетрпение очекуваме да соработуваме со училиштето во иднина за да ја градиме свеста за значењето на одредени теми како што е заштита на животната средина.

Исто така, се стремиме да промовираме активен и здрав начин на живот и да го поддржиме училиштето во нивните иницијативи за истото, преку промовирање на здрав баланс помеѓу спортот и активностите во училница. Се надеваме дека постарите ученици ќе ги инспирираат помладите да бидат повеќе вклучени во тимските спортови додека растат.9

Нов плоштад во Иловица

squareИзградба на новата спортска сала во училиштето “Св. Кирил и Методиј” во Иловица беше остварена во соработка со Министерството за образование, Агенцијата за земјоделство и рурален развој и Општина Босилово. Општината се погрижи за уредување на тревникот, тротоарите и обезбедување на паркинг места во склоп на салата, додека Еуромакс ја поддржа општината за реализација на проектот преку ангажирање на локална градежна компанија за изградба на асфалтирани пристапни патеки и уредување на тревните области пред училиштето и спортската сала.

Поддршка за културниот настан “Русалии-фолклор”

Со задоволство го поддржуваме културното наследство на регионот и  важноста на годишниот фестивал “Русалии-фолклор”, каде традиционалниот танц “Русалии” е во центарот на вниманието, придружен со прекрасна музика.

Нов водовод во Ново Село

Еуромакс започна проект за поддршка на општина Ново Село во изградбата на нов водовод кој ја поврзува постојната водоводна мрежа со новиот резервоар во селото Мокрино.

Спонзорство за традиционална облека и обувки за КУД “Кавалџии-Штука”

Ги цениме напорите на локалното здружение за зачувување на традицијата и културното наследство и со задоволство ги поддржуваме да продолжат со своите активности, да го мотивираат младото население за да постигнат уште поуспешни и поизвонредни перформанси во иднина.

Тековни проекти на долг рок:

  • • Реконструкција на мрежата за снабдување со вода – Планирањето и развојот на проектот за снабдувањето со вода на рудникот ни обезбеди информации за потенцијалот за подобрување на сигурноста и квалитетот на водата за пиење на локалните заедници во Иловица и Штука. Еуромакс започна проект за поддршка на општина Босилово при проектирање и реконструкција на системот за снабдување со вода со цел да се заврши реконструкцијата на целата мрежа за водоснабдување во селата Иловица и Штука. Проектот е всушност за замена на  дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Иловица и Штука и напуштање на постојните зафати за водоснабдување и сето тоа ќе се реализира во соработка со општината.Жителите од двете села ќе бидат трајно поврзани на систем за снабдување со третирана вода за пиење. Постоечката мрежа за снабдување со вода, која е во сопственост и управувана од Водостопанство “Струмичко Поле”, ќе биде проширена и наменета за снабдување со вода за наводнување од резервоарот Иловица за жителите од Иловица и Штука кои  ќе имаат потреба од тоа. Во иднина, собирањето и третманот на отпадните води исто така ќе се разгледа со цел да се избегнат негативните ефекти врз животната средина, вклучувајќи ги подземните води, потоците и реката.
  • • Расадник за домородни млади дрвца – Ќе бидат потребни домородни млади дрвца за прогресивна рехабилитација на земјиштето во иднина за што е разговарано со шумското претпријатие “Беласица” кое има расадник за одгледување на домородни видови. Соработката со нив е веќе воспоставена преку финансиската поддршка на Еуромакс за купување резерви за обнова на нивните расадници.

Поддршка на организацијата Македонија 2025

Еуромакс со задоволство ја придружува и поддржува организацијата Македонија 2025 во остварувањето на своите цели за придонес кон економски, социјален и образовен развој на Македонија, обезбедувајќи повеќе можности за младите професионалци и потенцијалните бизнисмени да ги развиваат своите вештини и нивниот талент, бидејќи ова е појдовна точка за поттикнување на Македонската економија. Македонија 2025 е меѓународна, независна и непартиска организација која проактивно придонесува за економскиот и демократскиот развој на Македонија преку спроведување на образовни програми кои го забрзуваат развојот на раководството и организираат разни настани, економски самити и бизнис форуми.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости

[honeypot website id:website]