Еуромакс објавува дополнителни информации за концесијата за екплоатација на минерални суровини, 17ти декември 2019

Euromax Resurces Ltd, Ванкувер, 17 декември 2019 година – (TSX: EOX): Еуромакс денес го виде соопштението од вчерашната 171-та владина седница и изјавите во врска со неа. Од ова разбираме дека Владата на РС Македонија донесе одлука еднострано да го раскине договорот за концесија за рударската област Иловица 6.

Ова е политичка одлука што е во спротивност со официјални изјави на Владата, дадени во јавноста неодамна како и во последните неколку денови, дека тие чекаат Управниот суд да донесе одлука за ова прашање. Одлуката ова прашање да се реши од страна на администрацијата, во период додека судството го разгледува, сериозно го доведува во прашање владеењето на правото во РС Македонија.

На 1 октомври, „Еуромакс Ресоурцес“ изјави дека опцијата за меѓународна арбитража останува отворена и ќе се постапува соодветно. Сега можеме да потврдиме дека Еуромакс назначи реномирана и престижна меѓународна адвокатска фирма LANSKY, GANZGER & Partner да се подготви за таквиот исход. Покрај нашата силна правна позиција во рамките на РС Македонија, убедени сме дека Еуромакс има силни аргументи за меѓународна заштита на инвеститорите, а Владата на РС Македонија треба да биде сигурна дека компанијата е подготвена да ги исцрпи сите домашни и меѓународни правни лекови.

Варшан Гокул, извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“ рече:
Ова е длабоко разочарувачки. Како најголем странски инвестициски партнер во државата, компанијата во моментов е третирана повеќе од лошо од оваа Влада.
Во последните пет години инвестиравме милиони евра во земјата подготвувајќи се за изградба на проектот.
Претходно оваа година Европската комисија изрази загриженост за владеењето на правото во РС Македонија. Јасно е дека тешкотијата што ја имаме е доказ за тоа и не е изненадување што меѓународните партнери се загрижени за тоа што се случува во Скопје.
Ова ќе го обесхрабри секој што сериозно размислува да инвестира во земјата.
Иако постои правен лек за сето ова – и ние сме многу силни во нашата правна позиција – оваа можност само резултира со непотребно одложување и неактивност, спречувајќи нè да ги испорачаме многу потребни работни места и инвестиции.
Веќе неколку години соработуваме со локалната заедница. За жал, тие губат најмногу со оваа одлука на Владата
“.

Др. Габриел Лански, партнер во LANSKY, GANZGER & Partner рече:
Ние сме убедени дека Еуромакс има многу силен случај. Затоа, имаме насока и подготвеност да ги исцрпиме сите постојни домашни и меѓународни правни лекови.
Одлуката се однесува на концесијата Иловица 6 на компанијата, а концесијата Иловица 11 останува непроменета.

За Еуромакс Ресоурцес Лтд.

Главниот развоен проект на Еуромакс е во Северна Македонија и е фокусиран на градење и работење на проектот за бакар-злато Иловица-Штука. Тоа е најголемиот рударски проект во земјата и најголем гринфилд проект на Балканот во тек на многу години.

За LANSKY, GANZGER & Partner Rechtsanwälte GmbH

Со повеќе од 100 вработени и адвокати од повеќе од 20 држави Lansky, Ganzger & partner (LGP) се рангира меѓу најголемите фирми за корпоративно право во Австрија и Словачка. Фирмата, со канцеларии во Виена (Австрија), Братислава (Словачка), Нур-Султан ( Казахстан) и Скопје (РС Македонија) има многугодишно професионално искуство.

Напредни информации

Ова соопштение содржи изјави кои се однесуваат на понатамошни очекувања, како што се оние што се однесуваат на резултати од работењето и финансиска состојба, дозвола и лиценцирање, трошење на капитал, извори на финансирање, цени на стоките, минералните ресурси и планови и програми за проценка на имот. Однапред очекувани известувања често се карактеризираат со зборовите како “план”, “очекувања”, “проект”, ” намера,”, ” верување”, ” предвидување” и други слични зборови или тврдења дека одредени настани или услови кои “може” или “ќе” се појават. Овие изјавите се засноваат на мислењата и проценките на менаџментот на датумите кога се дадени изјавите и подлежат на различни ризици и неизвесности и други фактори кои можат да предизвикаат реалните настани или резултати да се разликуваат материјално од оние предвидени во изјави кои се однесуваат на понатамошни очекувања. Изјавите кои се однесуваат на понатамошни очекувања содржани во овој документ се со датумот на овој документ и се предмет на промена по овој датум. Читателите се предупредуваат дека претпоставките што се користат при подготовката на таквите информации, иако се сметаат за разумни за време на подготовката, може да се покажат како неточни и, како такви, не треба непотребно потпирање на ваквите изјави. Еуромакс отфрла каква било намера или обврска да ги ажурира или ревидира кои се однесуваат на понатамошни активности, без оглед дали е резултат на нови информации, идни настани или на друг начин.

За повеќе информации, посетете ја страницата www.euromaxresource.com или контактирајте го:
Robert Winstanley (Public Relations)
+44 7946 103 410 or r.winstanley@halcyon-associates.com

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости