Еуромакс објавува дополнителни информации за концесијата за екплоатација на минерални суровини

Еуромакс Ресоурцес Лтд, Ванкувер, 30ти септември, 2019 – (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“ доби известување од Министерството за економија на Република Северна Македонија („Министерство за економија“) дека Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („Државна Комисија“) ја одби жалбата на компанијата поднесена против Решението за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини, како што беше наведено во соопштението на компанијата од 12ти јули, 2019. Известувањето се однесува на концесијата „Иловица 6“ на компанијата, додека концесијата „Иловица 11“ останува незасегната од тоа известување.
Според известувањето, компанијата има можност во рок од 30 дена да поднесе жалба до Управниот суд на Северна Македонија против решението на Државната Комисија. Имајќи силни правни аргументи, Компанијата има намера да поднесе жалба. Други правни можности, вклучувајќи Меѓународна Арбитража, стојат на располање и ќе бидат соодветно применети.

Еуромакс Ресоурцес очекува да се разреши ситуацијата со сите релевантни владини институции во согласност со Законот за минерални суровини и Законот за управна постапка на Северна Македонија.

За Еуромакс Ресоурцес Лтд.

Еуромакс има голем развоен проект во Северна Македонија и е фокусирана на изградбата и работењето на проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“.

Напредни информации

Ова соопштение за печат содржи изјави со напредни информации поврзани со резултатите од работни активности и финансиски услови, добивање дозволи, капитално трошење, извори на финансирање, цени на добра, минерални ресурси и планови и програми за проценка на сопственост. Изјавите со напредни информации се честопати карактеризирани со зборови како „планира“, „очекува“, „проект“, „има намера“, „верува“, „антиципира“ и други слични зборови или изјави поврзани со настани или услови кои „можеби“ или „ќе“ се случат. Изјавите со напредни информации се базираат на мислењата и проценките на менаџментот на денот кога овие изјави се дадени и истите се предмет на различни ризици, неизвесности и други фактори кои можат да предизвикат да реалните настани и резултати материјално се разликуваат од тие кои се проектирани во изјавите со напредни информации. Изјавите со напредни информации кои се содржани во овој документ се датирани како и овој документ, и можат да бидат променети после оваа дата. Читателите се предупредуваат дека претпоставките искористени за изготвување на таквите информации, иако сметани за разумни во моментот на нивната подготовка, може да се испостават за непрецизни и како такви истите треба да се читаат со резерва. Еуромакс нема намера, и изречно се одрекува од било каква намера или обврска да ги ажурира или ревидира било кои напредни изјави, дали како резултат на нови информации, идни настани или поинаку.

За повеќе информации ве молиме посетете ја нашата веб страна www.euromaxresources.com или контактирајте со:

Варшан Гокул, Претседател и Главен Извршен Директор
+44 20 3918 5160
vgokool@euromaxresources.co.uk

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости