Иловица – Штука се развива согласно најновите законски измени – без цијанид и сулфурна киселина

Проектот за рудникот Иловица – Штука се развива и согласно измените на Законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Со ова уште еднаш се потврдува одлуката на Еуромакс Ресоурцис за отфрлање на цијанидот. Додека сулфурната киселина никогаш не беше предвидено да биде дел од процесот на обработка на рудата.

Одборот на Еуромакс во декември 2017 година донесе одлука за откажување од користењето на цијанид и сулфурна киселина во процесот на обработка на рудата, за што беа информирани надлежните органи и Владата на Република Македонија, а информирањето на пошироката јавност и локалната заедница во Струмичкиот регион е процес кој трае.

На тој начин само ја потврдуваме посветеноста на компанијата кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоките и модерни стандарди од областа на рударската индустрија.

Еуромакс ресоурцес останува во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции во насока на понатамошен развој на проектот.

Проектот Иловица – Штука е инвестиција вредна 340 милиони евра, која во периодот од 20 години работење, локално ќе троши околу 74 милиони евра годишно. За даноци годишно ќе двои по 24 милиони евра од кои 3 милиони евра ќе се влеваат во локалните општини по основ на надомест за концесија, со што годишниот буџет на општините за инвестиции во инфраструктурата и во развој на општината ќе се зголеми за 40% во однос на постојниот.
Во изградбата на рудникот се предвидени 1.000 директни вработувања, додека за време на работењето на рудникот ќе се обезбедат 500 директни вработувања и околу 2.700 индиректни вработувања.

Еуромакс до крајот на 2018 година организираше и повеќе информативни средби со локалното население, каде особено голем интерес жителите покажаа околу можностите за вработување и соработка на локалните бизниси со идниот рудник.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости