Рударските региони ја привлекуваат автомобилската индустрија

Работните позиции во рударската индустрија се пред сè квалитетен извор на егзистенција и развој на луѓето кои работат таму, но и на самиот регион каде што оперира еден рудник. Истите работни позиции се разновидни, интердисциплинарни и во речиси сите случаи пропратени со темелни обуки и доусовршувања кои рударската компанија ги обезбедува со цел вработените да се стекнат со вештини и нови знаење кои во иднина можат да ги применат во некоја друга компанија. Во низата работни позиции на почетно ниво во еден рудник најчесто спаѓаат: возачи, магационери, техничари, оператори на багери и дупчалки, механичари, електричари заварувачи итн. Квалификуваните работни позиции најчесто опфаќаат: инжинери, геолози, хемичари, металурзи, лекари и медицински сестри, сметководители, административен персонал итн.

При постоењето на висококвалификувана работна сила во одреден регион, други бизниси и компании пројавуваат интерес да инвестираат во одредени индустриски капацитети или дејности. Особено заинтересирана за квалификуван кадар е автомобилската индустрија и примери за тоа се: отварање на фабриката на Форд и Јагуар во Јужен Велс, отварање на фабрика на Тојота во регионот Мидландс во Англија, како и фабрика на Нисан во северно-источна Англија. Истиве овие региони се индустриски подрачја во Велика Британија каде што во текот на 80-тите години најголем дел од населението работело во рудници за јаглен и челик, а по затварањето на рудниците за јаглен и челик нови компании како гореспомнатите инвестирале во отварања на фабрики за производство.
Денес, согласно официјалното биро за статистика на Велика Британија (Office for national statistics of UK) овие региони имаат помала невработеност од просекот кој изнесува 4.2% и тоа: Јужен Велс 3.8%, Мидландс 3.9% и северно-источна Англија 4.1%.

Дополнително, затварањето на еден рудник е бавен и темелен процес од неколку години и самите рударски компании на своите вработени им нудат отпремнини со цел успешно да го надминат транзицискиот период за наоѓање нова работа, како и дополнителни обуки кои ќе им помогнат на вработените да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

Финално, нужно е да се спомене влијанието на глобализацијата и динамичноста во која денешните компании стопанисуваат ја прават неизвесна иднината дури и на многу големи работодавачи со долга традиција во одредена област, со што ја намалува способноста за гаранција дека истите ќе постојат и работат успешно во иден период од 20 години. Како и сите останати компании, така и рударските компании минуваат низ различни развојни циклуси и развојни фази, но сепак статистиките докажуваат дека рудниците се дологорчни економски партнери во одреден регион со силно позитивно далекусежно влијание врз економијата, но и врз квалитетот на животот на мештаните.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости