Целосно сме посветени на заштита на животната средина – без цијанид и сулфурна киселина

Како концесионер на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука, би сакале да појасниме дека ќе го развиваме рудникот во согласност со сите национални закони, вклучувајќи ги и последните измени на Законот за минерални суровини, предложени од политичката партија ДОМ и усвоени во Парламентот.

Проектот Иловица-Штука е целосно усогласен со законските измени кои забрануваат употреба на цијанид и сулфурна киселина во процесот на преработка на рудата. Во декември 2017 година, нашите најголеми акционери и Одборот на директори, земајќи ги предвид загриженоста на локалната заедница и граѓанските здруженија, одлучија овој проект да се развива без употреба на цијанид. Притоа, во проектниот план ги задржуваме само физичките процеси на обработка на рудата, а добиениот концентрат на бакар да се транспортира до топилница во Бугарија.

Во однос на сулфурната киселина, таа никогаш не била предвидена да се користи во проектот. Со ова проектот е усогласен и со изменетиот закон.

Од особена важност е да се создаде модерен рудник кој нема да ја деградира и уништи животната средина, туку повеќе ќе создава можности за економски развој, како и подобрување на стандардите и мерките за заштита на животната средина во регионот. Имаме заедничка одговорност со засегнатите страни, а тоа е заштита на животната средина. За таа цел ќе се формира независно тело кое ќе го следи секој чекор во претстојните фази на нашиот проект, а ќе вклучува независно следење на квалитетот на почвата, водата и локални земјоделски производи. Првично ќе бидат земени примероци од почвата и од локалните земјоделски производи за да се потврди дека се одржуваат постојните стандарди и дека нема загадување. Се предлага следењето да не го прави самата компанија, туку независно тело составенo од локални жители и локални експерти, граѓански здруженија и претставници од релевантни факултети како најкомпетентни институции во земјата. Постојат примери во индустријата каде таквата контрола функционира добро

Би сакале да нагласиме дека планирањето на проектот ги зема предвид грижите на локалното население кое го користи земјиштето во областа каде што рудникот ќе се гради и ќе се развива според највисоките меѓународни стандарди, како и согласно измените на Законот за минерални суровини, изгласани на 9 јануари во Собранието на Република Македонија.

“На овој начин, само ја потврдуваме нашата посветеност за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоките и современи стандарди во областа на рударството”

Остануваме во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции во насока на понатамошен развој на проектот, ги поздравуваме и покануваме сите заинтересирани страни кои сакаат дополнително да се информираат за проектот.

биди информиран

Внесете ја Вашата е-пошта за новости